Чичаковски - Партиите итно да престанат со инцидентите

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски денеска упати апел до политичките партии итно да престанат со сите инциденти и порача дека насилството може само да донесе штета на кандидатите, на партијата, на изборниот процес и на државата.

Во име на ДИК, ги повикува надлежните институции да ги расветлат немилите инциденти и да ги казнат сторителите, а сите политички партии да придонесат кон смирување на страстите, да влијаат на своите членови и кон спречување на какво било идно насилство или инциденти.