Петнаесет лица биле приведени вчера попладне по тепачка меѓу навивачките групи на ФК Вардар и ФК Шкупи на кејот на Вардар во Скопје.
МВР информира дека тепачката почнала околу 15:20 часот во Скопје, а била прекината по интервенција на полицијата.
Приведени биле 15 лица, а по извршениот разговор поднесени се 15 платни налози за констатиран прекршок - насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.