Референдум во Каталонија: Над 300 повредени

Барселона Стотици повредени во судирите со полицијата

Стотици луѓе се повредени во судирите на шпанската полиција со гласачите во Каталонија во обидите на шпанските власти да го сопрат референдумот за независност што властите во Мадрид го нарекоа "нелегален" и ветија дека ќе го блокираат.

Портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, рече дека во "шпанското државно насилство" се повредени 337 лица, кога полицијата го попречила нивниот пат кон некои избирачки места и употребила гумени куршуми во Барселона.

Министерството за внатрешни работи објави дека девет национални полицајци и двајца цивилни службеници биле повредени во судирите.

Шпанската Влада побара да се прекине гласањето кое највисокиот судки орган Уставниот суд го прогласи за илегално

Турул рече дека околу три четвртини од околу 2.300 гласачки места биле отворени и ги повика луѓето да продолжат да гласаат.

Спротивно на централните власти, регионалната влада тајно создаде гласачки ливчиња, формираше избирачки списоци, организираше избирачки места и направи други потези за да се подготви за референдумот. Околу 5,3 милиони луѓе имаат право да гласаат, но многумина што се противат на независноста велат дека нема да учествуваат на референдумот.