Илјадници Каталонци се наоѓаат пред избирачките места во шпанскиот регион на кои се одржува референдумот за независност и покрај тоа што националните власти во Мадрид, го нарекоа овој потег "нелегален" и ветија дека ќе го блокираат гласањето. Шпанските власти вчера им наредија на полицајците да ги запечатат училиштата во регионот кои се поставени како гласачки места, и кои се отворени од 9 часот. Агенциите објави дека и покрај заканата, биле забележани гласачки кутии кои пристигнуваат на избирачките места, а владата на Каталонија соопшти дека ќе дозволи гласачките ливчиња да бидат испечатени дома за да бидат искористени од гласачите. Многу поддржувачи на референдум од изутрината беа пред училиштата, играа игри со своите деца и имаа поствено вреќи за спиење, во обид да ги одржат локациите отворени додека не почне гласањето. Новинската агенција Ројтерс објави изутрината дека додека каталонците се поставуваат во неколку училишта, кои беа назначени како избирачки места, околу 30 цивилни полицајци и други возила го напуштиле пристаништето во Барселона, каде што биле базирани. Предложениот референдум ги зголеми тензиите во каталонскиот регион, кој го вклучува и градот Барселона , откако каталонскиот претседател Карлес Пуќдемонт на 10 септември објави дека "се е подготвено" за референдумот. Гласањето предизвика најтешка уставна криза во земјата и предизвика загриженост од насилството како тест за волја помеѓу Мадрид и Барселона. Спротивно на централните власти, регионалната влада тајно создаде гласачки ливчиња, формираше избирачки списоци, организираше избирачки места и направи други потези за да се подготви за референдумот. Шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис, на 30 септември изјави дека референдумот е неуставен и дека референдумите станаа "инструмент за избор на диктатори" и се во спротивност со "целите и идеалите" на Европската унија.