Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, денеска се состана со кинескиот претседател Кси Џинпинг и други официјални претставници во врска со прашања поврзани со трговијата, севернокорејската нуклеарна закана и претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп во Кина. Тилерсон повика на смиреност во однос на ситуацијата на Корејскиот Полуостров, но рече дека Северна Кореја мора да ги прекине своите ракетни тестови. "Очигледно тоа ќе помогне ако Северна Кореја запре со исфрлање на ракети", изјави Тилерсон за новинарите во Пекинг. "Тоа ќе ги смири работите многу". Тилер додаде дека САД нема да ја признаат Северна Кореја како нуклеарна сила, но додаде дека Вашингтон нема намера да го собори режимот на автократскиот владетел Ким Јонг Ун. Вашингтон бара Кина да преземе построги мерки против Северна Кореја како одговор на тестовите за нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети.