Протести во Мадрид за единство на Шпанија

Тензии пред референдумот за независност на Каталонија

Илјадници луѓе со шпански знамиња демонстрираа денеска во Мадрид за единство на Шпанија спроти референдумот за незвисност на Каталонија, кој е распишан и покрај забраната. Демонстрантите се собраа на плоштадот во Мадрид на повик на конзервативната Фондација за заштита на шпанската нација. Со шпански знамиња во рацете тие извикуваа Каталонија е дел од Шпанија. Некои скандираа Пуќдемон во затвор. Карлес Пуќдемон е шеф на каталонската сепаратистичка влада која го распиша референдумот и покрај забраната на владата на Шпанија и Уставниот суд.