Заев: Дебати со граѓаните ќе бидат нов начин на водење кампања

Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Прилеп заедно со кандидатот за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, почна серија дебати со граѓаните како нов начин на водење на кампањата. На платото во центарот на градот изјави дека почнуваат со општински дебати, како нов и модерен стил на комуникација со цел со граѓаните да се разговара за важни случувања и за прашања кои ги преокупираат.

"Овде сме за да најавиме идна практика на новиот градоначалник во комуникацијата со граѓаните за прашања кои ги преокупираат. На граѓаните ќе им ги кажеме нашите ставови за се што е во интерес на граѓаните и за парпективите на Прилеп, па ќе отвориме дебата и ќе одговараме на нивните прашања", изјави Заев.

Според него, централната власт има намера да продолжи со децентрализацијата на власта во повеќе сегменти