Министерство за здравство: Починатите бебиња се од високоризични бремености

Министерството за здравство соопшти дека трите починати новороденчиња од 21 септември на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје биле од високоризични бремености завршени со предвремено породување и имале ниска родилна тежина. Стручна комисија утврдила дека сите овие ризик-фактори го отежнуваат преживувањето на новородените деца и ја зголемуваат стапката на морбидитет и морталитет.

Минатиот четврток на Клиниката за гинекологија и акушерство починаа три новороденчиња - две машки и едно женско.

Во соопштението се додава дека Министерството за здравство во моментот е фокусирано на изготвување посебна стратегија со дефинирање конкретни мерки и активности за унапредување на гинеколошката здравствена заштита на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како и во сите породилишта во државата.