Американскиот Сенат едногласно изгласа поранешниот амбасадор во Кина Џон Хантсмен да биде идниот амбасадор во Русија. Сенатот потврди Џон Бас да биде нов амбасадор во Авганистан додека Вес Мичел помошник државен секретар за Европски и евроазиски работи. 57 годишниот Хантсмен кој беше и гувернер на Јута има големо дипломатско искуство како амбасадор на поранешната администрација на претседателот Барак Обама во Пекинг, а претходно и во Сингапур.