Телефонски разговор меѓу Трамп и Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп за време на самитот на Г20 во Хамбург, Германија, 08.07.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти Белата куќа, четири денови по нејзината победа на парламентарните избори. Новинските агенции јавуваат дека Трамп имал тешки односи со Меркел која е на власт 12 години и која во последните месеци изрази различни мислења од шефот на Белата куќа. Последниот пример беше околу севернокорејското прашање кога таа изрази јавно несогласување со Трамп кој пред ОН се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореја.