Судскиот процес за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска е одложен поради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска, соопштија од скопскиот Кривичен суд.
Според одбраната, обвинетата Никиќ-Десановска поради сообраќајна незгода била спречена навреме да пристигне од Битола во Скопје.
Судечкиот совет, главната расправа ја одложи за 6 ноември 2017 година, за кога, како што е наведено во соопштението, ќе испрати и опомена за стражарно приведување за обвинетата која не беше присутна на денешната расправа.
Талевски, по одложување на рочиштето изјави дека обвинението, во кое се товари за малверзации при тендер за превоз на ученици во Битола, е политички монтиран процес против него.
Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360 илјади евра.