Спасовски – МВР веќе не прислушува нелегално, отворени сме за контрола
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Одговорно тврдам дека веќе не се прислушува нелегално и за тоа може да имаме експертски контроли, собраниски контроли во секое време. Ние стоиме на располагање и сме отворени врз основа на законските прописи да се направат такви контроли, вели вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.