Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за укинување на мерките на претпазливост, вклучувајќи ги и враќање на одземените патни исправи.
Според Кривичниот совет, барањето на Груевски е неосновано.
Против ова решение, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелациониот суд – Скопје.
Пасошот на Груевски му беше одземен на 3 јули годинава со одлука на скопскиот Кривичен суд на барање на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“, а мерката на претпазливост ја потврди Апелацискиот суд.