Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе биде „разорно“ ако Соединетите држави преземат воена опција поради заканите на Северна Кореја. Тој додаде дека американските сили биле целосно подготвени на таква опција, но оти таа не е пожелна. Трамп ова го изјави на прес конференцијата во Белата куќа откако шефот на севернокорејската дипломатија оцени дека неодамнешните изјави на американскиот претседател претставуваат прогласување војна и затоа Северна Кореја има право да стрела врз американски воени авиони. Трамп додаде дека е време сите земји да ги здружат силите за да се изолира „севернокорејската опасност“. Вашингтон вчера објави воведување санкции за осум севернокорејски банки и 26 државјани на таа земја, обвините дека финансиски го помагаат развојот на нуклеарната програма на Пјонгјанг.