Втор ден од кампањата за локалните избори

илустрација

Партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава, денеска, на вториот ден од 20-дневната изборна кампања ќе одржат митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места. Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ вечер централен митинг ќе одржи во Гевгелија. Претходно митинзи ќе одржи и во Дојран, Валандово и Богданци. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има закажано митинзи во Виница и Кочани, а претходно ќе ги посети населените места Чешиново - Облешево и Зрновци. Според агендата, Демократската унија за интеграција вечер ќе одржи митинзи во Пласница, Дебреште и во Црнилиште. ДПА пак митинг ќе одржи во Житоше, општина Долнени. Од Алијансата за Албанците (НДП - УНИТЕТИ) за денеска најавија дека ќе отворaт изборен штаб во село Чајле, гостиварско, во присуство на кандидатот за градоначалник на Гостивар, Шпат Исеини. Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.