Белата куќа ги отфрли како апсурдни обвинувањата на Пјонгјанг според кои американскиот претседател Доналд Трамп и објавил војна на Северна Кореја. „Не сме и објавиле војна на Северна Кореја и таквите наводи се апсурдни“, рече портпаролката Сара Хакаби Сандерс. Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо претходно изјави дека Трамп и објавил војна на неговата земја и се закани дека ќе бидат соборени американски авиони ако и се приближат на Северна Кореја.