Досега акредитирани 147 набљудувачи за локалните избори

Архива - Набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на избирачко место во Скопје, Локални избори 2013.

За следење на претстојните локални избори во Македонија, во ДИК досега се акредитирани 147 набљудувачи, од кои 75 се домашни, а 72 странски. Најмногу набљудувачи - 50, пријавил Македонскиот центар за култура и развој, МОСТ 13, а Цивил – Центар за слобода 12. Меѓу странските монитори најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР, 35 и од Амбасадата на САД, 24.

Комисијата за изборни жалби и приговори на Косово ќе ги следи изборите во Македонија со шест набљудувачи, Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје со петмина, а Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС со двајца набљудувачи. Покрај набљудувачите, досега се акредитирани и 123 преведувачи, како и двајца странски новинари.