Меркел ветува стабилно мнозинство во Бундестагот

Ангела Меркел вети нова влада за „силна Европа“

По победата на вчерашните избори во Германија Ангела Меркел изјави дека ќе формира стабилно мнозинство и оти не планира да води малцинска влада. Таа додаде дека стабилна влада е вредност сама по себе, оценувајќи дека германскиот парламентарен систем е поинаков од земјите кои имаат долга традиција на малцински влади. „Живееме во бурни времиња. Апелирам до сите да продолжат да се однесуваат одговорно“, изјави Меркел чиј сојуз ЦДУ/ЦСУ освои најмногу гласови на изборите. Претседателот на социјалдемократите Мартин Шулц пак оцени дека „грешките“ на актуелната канцеларка им помогнале на екстремните десничари да влезат во Бундестагот. Според него, нејзината скандалозна кампања и избегнувањето на политичките дебати создале вакуум кои го исполниле екстремните десничари и кои за прв пат влегуваат во Бундестагот.