Воена победа во шест годишната граѓанска војна во Сирија сега е на дофат на силите на претседателот Башар ал Асад, изјави министерот за надворешни работи Валид ал Муалем пред Генералното Собрание на ОН во Њујорк. Ослободувањето на Алепо и Палимира, како и искоренувањето на тероризмот во некои делови на Сирија, според него, докажале дека победата е извесна.
Муалем кој е вицепремиер во владата на Асад посочи и дека сириските владини сили ќе бидат запаметени како херои за нивната улога во конфликтот. Силите на Асад се обвинети од страна на западните земји и групите за човекови права дека за извршување злострства, убиство на цивили и употреба на забрането хемиско оружје, што беше негирано од Муалем во неговото обраќање.