Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека продолжената политичка криза и нанела сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе се постигне никаков раст оваа година, по падот во првата половина. Во интервју за Ројтерс на маргините на Конференцијата на гувернерите на централните банки одржана во Сарево тој истакна дека предвидувањата од април за економски раст од 2,5 проценти очигледно биле премногу оптимистички.
Богов порачува дека би бил среќен ако Македонија 2017 година ја заврши со позитивен економски раст. Доколку се стабилизира политичката ситуација, тој наведува дека македонската економија следната година може повторно да бележи раст.