Собранието попладнево ја прекина работата по петнаесетата седница и како што најави претседателот на Парламентот Талат Џафери пратениците ќе продолжат со работа по локалните избори. Пратениците денеска дебатира по Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање. Џафери рече дека ја прекинува дебатата согласно неговата најава дека Парламентот нема да работи на почетокот на кампањата за изборите, но и, како што рече, да нема чувство дека некој по секоја цена сака да постигне некоја цел.