Уапсени 36 осомничени членови на ИД во Турција

Припадник на турските безбедносни сили

Турската полиција денеска во Истанбул уапсила 36 лица кои се осомничени дека се припадници на милитантната група Исламска држава. Полицијата извршила рации на 15 локации во Истанбул, во рамки на потрагата по пет лица за кои постојат сомнежи дека во неколку наврати престојувале на териториите под контрола на ИД во Сирија и Ирак. Петмина од уапсените се турски државјани, а останати се од други земји.