Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово до крајот на годината ќе има своја војска и оти тоа никој нема да може да го блокира. Тој во интервју за време на неговиот престој во Њујорк истакна дека институциите работат на прашањето и дека земјата ќе ги исполни сите обврски кои ги преземала пред меѓународната заедница за овој процес да се заврши преку уставни измени. Тачи порача дека нема да дозволат некој да стави вето на процесот и се ќе биде спроведено во соработка со меѓународните организации.