За Русија неприфатливо однесувањето на САД и на Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека верува оти размената на навреди и закани меѓу САД и Северна Кореја е неприфатлива и двете страни треба да направат чекор наназад. Тој порача дека земјите започнале да се бунат како деца во градинка и нема кој да ги запре. Според него, потребно е да се оладат главите.

Изјавата на Лавров доаѓа откако лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун упати навреди кон американскиот претседател Доналд Трамп и го нарече „ментално пореметен“. Трамп претходно упати предупредување во ОН дека САД тотално ќе ја уништат Северна Кореја доколку таа изврши напад врз земјата и нејзините сојузници.