Министерството за правда: Се подготвува предлог закон за заштита на сведоци, а не на измени на Законот за СЈО

Архивска фотографија: Министерство за правда беше честа мета на Шарената револуција

Министерството за правда демантира дека министерот за правда, Билен Саљији, на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада изјавил дека се работи на подготовка на закон за измени на законот за СЈО. Точната информација е дека се работи на изготвување на Предлог- закон за заштита на сведоците, наведува министерството.

Државната новинска агенција МИА претходно објави дека Саљии рекол дека се работи на подготовка на закон за измени на Законот за СЈО и оти во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за период 2017-2022 година предвидено е Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да стане дел од Јавното обвинителство на Република Македонија, како посебен оддел кој ќе се занимава со повисоки кривични дела.

Веста ја презеде и Радио Слободна Европа.