Граѓани се собираат пред Владата на Македонија за да учествуваат на најавениот марш за право на чист воздух. Настанот е во организација на коалицијата О2 за чист воздух и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Планирано е граѓаните да маршираат од пред зградата на Владата кон населбата Карпош, каде ќе се спојат со граѓаните кои протестираат пред Општина Карпош.
Во Карпош се протестира под мотото „Стоп за згради“. Граѓаните бараат да се запре со сите градежни активности од булеварите Илинден до 8-ми Септември, потоа до Кејот на Вардар и улицата Љубљанска.
Здруженијата кои се борат против загадувањето апелираат проблемот сериозно да се сфати. Бараат мерки против загадувањето да бидат опфатени и во програмите на кандидатите за градоначланици.