Салији - СЈО ќе биде специјален оддел во државното Јавно обвинителство

Прес-конференција на министерот за правда Билен Салији

Во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за период 2017-2022 година предвидено е Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да стане дел од Јавното обвинителство на Република Македонија, како посебен оддел кој ќе се занимава со повисоки кривични дела. Ова го изјави министерот за правда Билен Салији на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на Владата.

Додаде дека се работи на подготовка на закон за измени на Законот за СЈО.

Реакција:

Министерството за правда подоцна ја демантира веста што ја објави државната новинска агенција МИА, а ја презедовме и ние, дека министерот изјавил оти се работи на подготовка на закон за измени на законот за СЈО.

„Точната информација е дека се работи на изготвување на Предлог закон за заштита на сведоците“, наведува Министерството.