Собранието на Македонија денеска во рамки на 15 седница треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците. Вчера попладне расправата по предлог-законот беше прекината бидејќи Собранието требаше да ги одржи 16. и 17. седница. Во досегашниот тек од расправата по овој закон и на комисиските расправи и на продолженијата на пленарните седници опозцијата обвини дека законот е неуставен, со него се кршат процедурите и оти неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава. Со законот, обвинија од опозицијата, се дискриминираат и помалите етнички заедници. Според парламентарното мнозинство, пак, законот е во согласност со Уставот, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата. Предлог-законот за употреба на јазиците е во прво читање на пленарна седница.