Рахој ги предупреди лидерите на Каталонија

протести во Барселона, 20.09.2017.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој синоќа ги предупреди лидерите на автономниот регион Каталонија дека можат да избегнат поголеми штети ако се откажат од најавениот референдум за независност која централната власт во Мадрид го смета за незаконски. Рахој изјави дека одржувањето на референдумот, планиран за 1 октомври би било кршење на Уставот на Шпанија и „тоталитарен чин“. „Ако ви е до спокојството на повоќето Каталонци, откажете се од ескалација на радикализмот и непослушноста. Се уште имате време да избегнете поголеми штети“, рече Рахој. До ова дојде откако илјадници луѓе останаа на улиците на Барселона да протестираат поради напорите на шпанската влада да го спречи референдумот. Полицијата претходно приведе 12 претставници на каталонската влада и заплени 10 милиони гласачки ливчиња.