Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе го разгледа прашањето за воведување санкции против Ирачки Курдистан поради планираниот референдум за независност.
Анкара силно се спротивставува на одржување референдум за независност во Ирачки Курдистан.
Турската војска распореди дополнителна воена техника и војници долж границата со Ирак поради закани по безбедноста.
Ердоган, кој престојува во Њујорк поради учеството на Генералното собрание на ОН, синоќа изјави дека референдумот за независност на Курдите во Северен Ирак, што е планиран за 25 септември, може да доведе до нови конфликти на Блискиот Исток.
Тој наведе дека Советот за национална безбедност на Турција и неговиот кабинет в петок ќе го разгледаат можното воведување санкции против Северен Ирак.