Тони Јакимовски, второобвинет во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска е разрешен од функцијата директор на СЕЛЕК - региоланалната мрежа за борба против криминалот со седиште во Букурешт, потвдрија за МИА од МВР.
Советот на СЕЛЕК едногласно со 11 гласа го разрешил Јакимовски од директорската позиција на која беше назначен минатата година.
Делегација на МВР предводена од државниот секретар Магдалена Несторовска, на денешниот состанок ја образложила причината зошто Јакимовски треба да биде разрешен. Укажале дека по одлуката на Врховниот суд да му му го одземе пасошот, тој не може да присуствува на состаноците и да го води СЕЛЕК.
Тони Јакимовски, кој беше шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, е обвинет од СЈО во случајот „Тврдина“ за уништување на системите со кои нелегално се прислушувало.