Руски официјални претставници изјавија дека Москва е за намалување на бирократијата во Светската организација, но се противи на промени кои би се вовеле преку декларација предложена само од Соединетите држави, а не преку разговори меѓу земјите членки на ОН.
Трамп побара од земјите членки да ја потпишат декларацијата од 10 точки за реформи на ОН пред да ги покани да учествуваат на вчерашниот состанок во врска со ова прашање.
Говорејќи на собирот во Њујорк Трамп наведувајќи дека Обединетите нации биле основани за целосно благородни цели оцени дека биракоратијата ја кочи Светската организација.
„Сепак, во изминативе години Обединетите нации не го достигнаа својот потенцијал поради бирократијата и лошото управување“.
Тој додаде дека Светската организација троши многу пари и има премногу вработени, оценувајќи дека резултатите не се соодветни на таквите големи инвестиции.
Трамп истакна дека ги поддржува реформите што ги покрена генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш кој се согласи со оценките дека има преголема бирократија поради која, како што рече, „не спиел ноќе“:
„За да им служиме на луѓето што ги поддржуваме и на луѓето кои нè поддржуваат, ние мора да бидеме подвижни и ефективни, флексибилни и ефикасни“.
Во декларацијата на се наведуваат конкретни насоки и парични износи, туку се говори за главни принципи.
Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли ги повика и другите 67 земји кои не ја поддржаа декларацијата да го направат тоа.
„Ова е можност за сите нас, да го искористиме овој момент и да обезбедиме дека Обединетите нации остануваат релевантни“.
Во јуни Генералното собрание гласаше за кратење на 600 милиони долари од буџетот за мировни операции кој годишно изнесува околу 8 милијарди долари.