Американскиот Сенат го поддржа воениот буџет на земјата од 700 милијарди долари со кој се предвидува, меѓу другото, поголема борба на Пентагон против руската пропаганда и почеток на создавање нова крстосувачка ракета. Тоа, според критичарите, ќе води до крај на договорот за контрола на вооружувањето од крајот на Студената војна. Исто така се предвидува забрана на користењето на софтверот на Касперски Лаб во владини компјутери. Делови од овој документ претходно минаа во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.