Премиерот Зоран Заев во Њујорк имал кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на состанокот посветен на реформа на Обединетите нации што го организираше претседателот Трамп. Заев, како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата изразил поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, премиерот Заев е придружуван од министрите за надворешни работи Никола Димитров и за дијаспора Едмонд Адеми. Тој ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН, а ќе се обрати и на неколку панели.