Одложено судењето за случајот „Сопот“

Архивска фотографија: Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство

Поради отсуство на судијката, денеска во скопскиот Кривичен суд е одложено рочиштето за случајот „Сопот“ за 9 октомври.

Случајот „Сопот“ е од 2003 година, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.

Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево - Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков за Сопот