Законот за јазици остана да „виси“ во Собранието, а „бранителите на јазикот“ протестираат и бараат да не се усвојува, иако таков закон веќе постои од 2008, усвоен кога сегашната опозиција беше на власт. И на Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа повторно порој од коментари и постови на линијата Македонци - Албанци и зошто „вака, а не онака“, „Македонија ваша - наша“, цели дебати меѓу поединци....
Самоил Петров, како да е реален: „Избори се ближат, сега кучињата за пари мора да лаат, така имаат наредба од криминалното здружение ВМРО-ДПМНЕ, да имаат сила и војна ќе направат, само да го заштитат криминално стекнатото богатство“,а Наташа Ангеловска му одговара: „Едните лаат како вас на Фејсбук. За колку пари пред избори?“ Бакија Сами „подучува“ дека во Швајцарија има три официјални јазици, не еден, па додава: „Ај чао, немам време за коментирање“. Ал Македон забележува: „А македонското знаме кај ви е, бре, протестанти, резил вмровски, ја браните Македонија со туѓи знамиња.“ Спасе Прентоски го прашува Тодор Петров: „Каде беше Тодор досега, во 2008 и 2011 година? Никаде те немаше кога се потпишуваше за двојазичност – сега продаваш пувки!“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
И темата со бегалците никако да се симне од дневен ред во јавноста, иако, според официјалните податоци, во Македонија се останати колку на две раце да се избројат. Во врска со информациите дека на 15 октомври ќе има референдуми во повеќе градови против наводното прифаќање нови мигранти, Бобан Цветковски препорачува со иронично-смешен пост: „Мислам дека треба да распишеме референдум за заштита на северноамериканските муфлони, иако ги нема во Македонија, ама никогаш не се знае“.
Дека претходната влада потрошила над 130 милиони евра за роуд-шоуа, реклами и промотори за странски инвестиции се чини не ја погодува Ана Јакимова која постирала дека тоа било нормално и дека „никој нема да вложува во земја за која не чуле“, а Алекс Македонски напишал: „А самата таа идиотска влада што си замина имала владина одлука за антикризни мерки за да нема трошење пари, а идиотите трошеле без мерка“. Рубин Ристески постирал видео-клипче на кое едно момче, во чудење, се удира со раката по глава.