Стотици луѓе се заглавени на границата меѓу Авганистан и Пакистан, откако пакистанските власти го затворија граничниот премин Торкам, по нападот со граната.
Безбедносни претставници од двете земји денеска разговараат за нападот и за начните како да се подобри безбедноста на границата.
При нападот беа повредени осуммина војници и едно дете на пакистанската страна на границата, а седум повредени има на авганистанската страна. Нападот го извршил непознат човек, кој дошол од авганистанската страна и детонирал граната.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Граничарите чекаат дозвола да ја отворат границата.