Лондонската полиција соопшти дека пожарот во метрото во градот бил предизвикан од импровизирана експлозивна направа и случајот се истражува како терористички инцидент. Според полицијата, имало повеќе повредени, вклучувајќи и случаи на луѓе кои имале изгореници на лицето. Пожарот избил во возот на метро станицата Парсонс Грин во југозападниот дел на Лондон. Медиуми јавија дека бел контејнер експлодирал на возот.