Експлозијата во Лондон терористички инцидент?

Повредено лице од пожарот во метрото во Лондон

Британската полиција соопшти дека го истражува пожарот и експлозијата во метрото во Лондон како терористички инцидент. Полицијата потврди дека избил пожар во возот на метро станицата Парсонс Грин во југозападниот дел на Лондон. Властите соопштија дека е прерано да се потврди причината за пожарот. Медиуми јавија дека бел контејнер експлодирал на возот.

Првичните извештаи укажуваат дека имало повеќе повредени, вклучувајќи и случаи на луѓе кои имале изгореници на лицето. Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на изјави на сведоци, јавува дека имало повредени во стампедо на луѓе по експлозијата.