ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Кочо Анѓушев функцијата вицепремиер во владата на СДСМ ја користи за создавање на огромни профити за сопствените фирми, а не за унапредување на стандардот на граѓаните и државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Анѓушев својата работа како вицепремиер за првите сто дена си ја наплатил со тендер во висина од 2.6 милиони евра, кој преку државното претпријатие ЕЛЕМ си го доделичл на сопствената компанија „Фероинвест“, велат од партијата.
Партијата во соопштението исто така наведува дека постои реална опасност со претстојната либерализација на пазарот на електрична енергија, односно дека се очекува струјата да поскапи и до 60%.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува надлежното Јавно обвинителство да отпочне постапка за утврдување на кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот паднал во рацете на фирмата „Фероинвест“