Заев најави нови мерки за привлекување странски инвестиции

Архива - Премиерот Зоран Заев.

Утре ќе биде објавен нов пакет мерки за привлекување странски инвестиции кои, изјави премиерот Зоран Заев, истакнувајќи оти тие претежно ќе бидат наменети за нови инвеститори, но ќе се однесуваат и за старите.

Заев рече дека измените во новиот пакет ќе бидат во насока на поголемо стимулирање на компаниите што повеќе вложуваат во развојот, а оти тоа ќе се контролира од завршната сметка. Тој ги повика странските инвеститори во наредниов период да помогнат во изнаоѓање решенија за од нова година да почнат да функционираат новите мерки.

„Владата ќе се залага да создаде стабилна бизнис клима со економски политики кои се темелат на фер и транспарентна распределба и еднаков третман на домашните и странските инвеститори. Досега се поддржуваше и финасираше бизнис идеја, а сега ќе се финасираат резултати. Субвенциитеќе зависат од извозот и висината на платите и ќе се доделуваат врз основа на резултати“, рече Заев.

Тој почочи и дека ќе има стимулација и за зголемување на извозот на компаниите, но и на висината на платите.