Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Димитров

министерот за надворешни работи Никола Димитров

Собранието на Македонија не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За интерпелацијата гласаа 43 пратеници, а против се изјаснија 56. „Европа виде колку е рискантна стратегијата на статус-кво, да се остави една земја да чека затворена во чекалницата, бидејќи се создава контекст што не одалечува од целта. Покрај тоа и мирантската криза ја убеди Европа дека Балканот е интегрален дел на безбедноста на Европа. Ако ние ги убидиме дека можеме да направиме чекори кон вистинска демократија и ако затвораме прашања што се тешки можеме само да си го отвориме патот“, изјави Димитров. На дневен ред на 13-тата седница се и интерпелациите за работењето на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика, Љупчо Николовски и Мила Царовска. Седницата ќе продолжи денеска во 16 часот.