Британскиот весник "Телеграф" објави дека официјални претставници на Обединетото Кралство се плашат дека Иран или Русија можеби помогнале во "ненадејниот напредок" на Северна Кореја во развојот на нуклеарното оружје. Документот што го објавило британското министерство за надворешни работи испитува дали "сегашните и поранешните нуклеарни држави" му помогнале на Пјонгјанг да развие нуклеарно оружје што може да се монтира на ракети.
"Иран е на врвот на листата на земји за кои постои сомневање дека даваат некоја форма на помош, додека Русија е исто така во центарот на вниманието", пишува весникот. Неидентификувани високи претставници за весникот изјавиле дека не е веродостојно дека научниците од Северна Кореја сами можеле да ги постигнат нуклеарните напредоци.