Гутереш: Спорот со Северна Кореја е најголемата криза во светот

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека спорот околу програмите за нуклеарна и балистичка ракета во Северна Кореја е најголемата криза во светот во последните неколку години.

"Треба да се надеваме дека сериозноста на оваа закана нè става на патот на разумот пред да биде премногу доцна. Тоа е најсериозната криза со која се соочивме со години", изјави Антонио Гутереш во интервју за францускиот весник "Le Journal du Dimanche". Гутереш вели дека е важно Пјонгјанг да стави крај на развојот на своите програми за нуклеарни и балистички ракети и да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност.

"Ние, исто така, мора да го зачуваме единството на Советот за безбедност по секоја цена, бидејќи тоа е единствената алатка што може да спроведе дипломатска иницијатива со шанса за успех", вели во интервјуто Гутереш.