Иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО, реални се шансите на есен Македонија да добие чиста препорака од Европската Комисија и да стане 30 членка на НАТО, изјави денеска лидерот на СДСМ и претседател на Владата на прославата организирана од СДСМ на Три круши во Драчево по повод Денот на независноста.
Тој посочи дека мерките кои ги преземала Владата предводена од СДСМ се потребни за влез на земјата во европското семејство.