Двајцата обвинети Руси за обидот за државен удар во Црна Гора се именувани како организатори на операцијата на денешното рочиште за случајот. Останатите обвинети, меѓу кои има и девет српски државјани се обвинети за криминално здружување со цел да го поткопаат уставниот поредок на Црна Гора за да го спречат влегувањето на земјата во НАТО.
Обвинителството соопшти дека двајцата Руси биле оперативци на воената тајна служба на Кремљ и се товарат за тероризам. Едуард Шишмаков и Владимир Попов наводно го организирале обидот за пуч и ја координирале операцијата од Србија. Тие се во бегство и им се суди во отсуство.