Рускиот претседател Владимир Путин предупреди против „ставање на Северна Кореја во ќош“ поради нејзината нуклеарна програма и тестови. Путин говорејќи по средбата со претседателот на Јужна Kореја, Мун Џае Ии на маргините на источниот економски форум во Владивосток порача и дека се противи на натамошни санкции врз Северна Кореја.
Според него, проблемите на Корејскиот полуостров не може да се решат со санкции или притисок. Путин смета дека е потребна смиреност и да се одбегнуваат чекори кои ќе ги зголемат тензиите.