Груевски - Изминуваат 100 дена на лаги

Архивска фотографија - Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски.

„Поминаа 100 дена на лаги, неспособност, хаос и понижување“ рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој на прес-конференција попладнево ги набројуваше работите кои, како што рече, СДСМ ги ветиле, а не ги исполниле во овие 100 дена откако се на власт. Тој вели дека изминале 100 дена на партизација и на кадровски дебакл, незаконско работење и уривање на институциите, 100 дена на укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжување и неработење, непромислени и погрешни потези.

Во обраќањето Груевски ја критикуваше Владата за политиките во здравството, образованието, надворешната политика… Според него, претходната власт правела сè за доброто на граѓаните, додека сегашната не прави ништо.