Во напад на училиште во Русија, повредени 4 лица

Училиште во Москва. Илустрација.

Руски медиуми јавија дека четири лица биле повредени кога еден тинејџер отворил оган и фрлил димни гранати пред училиште во Москва. Според нив, осомничениот за нападот, кој е момче родено во 2002 година бил уапсен од полицијата. Повредените се хоспитализирани. Престрелките во училишта се ретки во Русија.