Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговата земја има право да бара натамошно намалување на бројката на американски дипломати во Москва. Говорејќи пред новинарите на самитот на БРИКС во Кина, Путин истакна дека властите ќе чекаат да видат како ќе се развие ситуацијата пред да донесат одлука за бројката на американски дипломати во земјата.
Отфрлајќи го како што го нарече Путин, непријателското и неприфатливо однесување на Вашингтон во однос на руските дипломатски објекти во САД, тој посочи дека ќе упати наредба до министерството за надворешни работи случајот да биде претставен пред суд поради прекршување на правата на сопственост на земјата.